Богата чоколадна торта со најкремастиот фил: Никој на светот не може да ѝ одолее! (ВИДЕО)

Ќе се воодушевите

Никој не може да одолее на чоколадна торта со кремаст фил што се топи во уста

Ако ви треба одличен рецепт за раскошна торта со богат вкус која се приготвува брзо и лесно, тогаш мора да ја испробате оваа. Чоколадните кори и кремастиот фил ја прават неодолива, а оревите и лешниците само ѝ го засилуваат вкусот.

Можете да ја приготвите како роденденска торта, но и како десерт за слава.

Состојки:

За бисквитот:

  • 170 г лешници
  • 10 г прашок за печиво
  • 30 г презла
  • 150 г шеќер
  • 6 јајца
  • 40 г какао

За филот:

  • 600 мл слатка павлака
  • 70 г чоколадо
  • 100 г шеќер
  • 10 г ванилин шеќер

За декорација:

  • 70 г чоколадо
  • 70 г ореви
Приготвување:

За бисквитот:

  • Изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте мелени лешници, какао, прашок за печиво и презла.
  • Убаво промешајте со шпатула.
  • Изматете ги белките со прстофат шеќер и додајте ги во првата смеса, па измешајте.
  • Сипете ја смесата во калап со пречник од 20 см, обложен со хартија за печење.
  • Печете ја на 180 степени околу 30 минути.
  • Поделете ја кората на два дела.

За филот:

  • Изматете слатка павлака со шеќер и ванилин шеќер.
  • Додајте сечкано чоколадо и промешајте.
  • Сипете го филот врз едната кора.
  • Ставете ја во фрижидер половина час.
  • Потоа, здробете ја другата кора и измешајте ја со мелени ореви и сечкано чоколадо. Сипете ја врз филот.

Погледнете го видеото за подетални упатства…

Неодолива, сочна и мека како сон: Торта од пишкоти со најубавиот крем на светот!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.