Богат и сочен вкус: Пробајте го овој едноставен кремав десерт

Ви се јаде нешто кремаво, слатко и брзо?

Овој вкусен чоколаден колач ќе го направите за само 15 минути!

Потребни состојки:
  • ½ литар млеко
  • кесичка пудинг од ванила
  • 3 лажици шеќер
  • 1 кутија колачи полнети со желе
  • кутија обични, тврди бисквити

За глазурата:

  • 100 грама чоколадо
  • 50 грама путер
  • 3 лажици вода
  • 3 лажици шеќер
Приготвување:

Наредете ги тврдите бисквити на дното од правоаголен сад за колачи. Сварете млеко, шеќер и пудинг од кесичка, па прелијте го тврдиот бисквит со готовиот пудинг.

Врз пудингот, наредете ги полнетите колачиња така што ќе ја покриете целата површина на пудингот.

Стопете чоколадо на пареа, додајте вода и шеќер и мешајте додека не добиете густа смеса. Тргнете ја смесата од шпорет и додајте путер, па мешајте додека не се стопи и прелијте го колачот со глазурата.

Оставете го колачот добро да се излади и послужете го.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.