Бисквит-ролат со кафе: Најевтиниот колач достоен за најсвечената трпеза!

Брзо и лесно приготвување

Одличен ролат и за посните денови

Состојки:
  • 250 г мелени бисквити
  • 175 г шеќер во прав
  • 1 рендан ред црно чоколадо
  • силно сварено црно кафе

За филот

  • 60 г маргарин
  • 75 г шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
Приготвување:

Во мелениот бисквит и шеќерот во прав додајте рендано чоколадо. Замесете смеса додавајќи сварено кафе, по потреба. Поделете ја на три дела и секој од нив расукајте го како тесто со дебелина од 4-5 мм. Смесата би требало да ја развлекувате на алуминиумска фолија.

Секој од трите дела премачкајте го со тенок слој изматен фил, ставете ги слоевите еден врз друг и завиткајте ги во ролат. Оставете ги да се стегнат.

Напомена: Можете секое ролатче да го завиткате посебно, па да ставите два еден до друг,а третиот врз нив, на местата каде што се спојуваат. Вака наредениот ролат ќе личи на детелина со три листа кога ќе го пресечете на парчиња.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.