Белгиски колач без печење, готов за 15 минути: Сè се мери со една чаша!

Покремлив е од секоја торта

Овој белгиски колач ќе ве воодушеви со вкусот

Пробајте го овој кремлив, мек и вкусен белгиски колач кој се приготвува за 15 минути. Нема готвење ниту печење, треба само да изматите крем и да наредите слоеви во плех. По неколку часа во фрижидер, бисквитот омекнува, па десертот станува толку сочен што потсетува на богата, кремлива торта.

Состојки:
  • 3 чаши мелени бисквити
  • 1 чаша млеко
  • 2 чаши слатка павлака
  • 1 чаша слатка павлака
  • 1/2 чаша шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 чаша рендано или ситно сечкано чоколадо
Приготвување:

1. Мелениот бисквит постепено мешајте го со млеко, за да добиете влажна смеса која може убаво да се втисне. Половина од смесата распоредете по дното на плех и внимателно притиснете со лажица.

2. Изматете слатка павлака, додајте кисела павлака, шеќер во прав и ванилин шеќер, па соединете кратко. Половина од кремот премачкајте преку бисквитот.

3. Преку кремот распоредете го преостанатиот бисквит, а потоа премачкајте со преостанатиот фил. Одозгора обилно посипете рендано чоколадо.

4. Оставете го колачот во фрижидер најмалку 4 часа, а најдобро прекуноќ. Тогаш бисквитот ќе впие влага од кремот и ќе стане мек и сочен.

Бонус совет: Ако сакате колачот да изгледа уште побогато кога ќе се пресече, помеѓу двата слоја можете да додадете половина чаша стопено чоколадо. Така ќе добиете три јасно видливи слоеви и многу поефектен пресек.

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе