Барон-торта: Највкусната комбинација од чоколадо и овошје достојна за кралска трпеза

Совршен спој на вкусови!

Феноменален десерт со кој ќе го воодушевите цело семејство

Потребни состојки:

За една кора (се печат четири)

  • 3 белки
  • прстофат сол
  • 6 рамни лажици шеќер
  • 1 полна лажица какао во прав
  • 1 полна лажица меко брашно
  • 2 лажици мелени ореви

За овошен фил

  • 300 грама малини
  • 70 грама свежи боровинки
  • 6 полни лажици шеќер
  • 100 милилитри вода
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 рамни лажици густин
  • 1 лажичка путер

За фил со чоколадо

  • 12 жолчки
  • 130 грама шеќер
  • 500 милилитри млеко
  • 50 грама густин
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 грама чоколадо за готвење
  • 125 грама путер

За глазура

  • 100 грама бело чоколадо
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка путер
Приготвување:

За корите, прво просејте ги какаото и брашното. Потоа, одвојте ги белките од жолчките. Жолчките ставете ги во фрижидер, а трите белки изматете ги пенесто со прстофат сол. Постепено додавајте шеќер, притоа цело време матејќи, додека не добиете целосно цврст снег. Со лажица измешајте какао, брашно и мелени ореви.

Премачкајте го плехот со масло и обложете го со хартија за печење, па истурете ја смесата. Протресете го плехот малку и ставете го во претходно загреана рерна на 180 степени да се пече околу 25 минути. На истиот начин, испечете ги останатите 3 кори.

Приготвување на овошниот фил: Ставете ги малините во тенџере, додајте ги боровинките исечени на половини, шеќерот, ванилиниот шеќер и густинот растворен во вода. Оставете ја смесата да зоврие, мешајте и кога ќе се згусне, тргнете ја од шпорет, па додајте путер. Покријте го филот со фолија и оставете го да се лади на собна температура.

Приготвување на чоколадниот фил: Изматете ги жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер со лажица, додајте 250 милилитри млеко во кое е растворен густинот, а останатата количина млеко оставете ја да зоврие. Потоа, ставете ги жолчките и густинот во млекото, промешајте и оставете го филот да згусне. Веднаш додајте го чоколадото и кога тоа ќе се стопи, покријте го филот со фолија и оставете го да се изладе. Во изладениот фил додајте путер што стоел на собна температура и изматете.

Поделете го овошниот фил на 3 дела, а чоколадниот фил на 4.

Филување на корите: Првата кора премачкајте ја со чоколаден фил, врз него ставете овошен фил, но не до самите рабови, озгора ставете ја втората кора, па повторно чоколаден и овошен фил, а истото направете го и со третата кора. На овошниот фил ставете ја четвртата кора и целата торта премачкајте ја со четвртиот дел од чоколадниот фил.

Глазура: Стопете чоколадо на пареа, додајте масло и путер, па сето тоа измешајте го за да добиете убава смеса со која ќе ја покриете изладената торта. Дополнително може да ја украсите со мелени ореви, да ја ишарате со стопено црно чоколадо или да ја наросите со малини и боровинки.

Добар апетит!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.