Банана-ролат готов за 10 минути: Неодолив кремаст десерт што ќе ве распамети!

Пробајте!

Неодоливо кремаст и освежителен ролат

Состојки:

За кората:

  • 250 г мелени бисквити
  • 5 супени лажици крем од чоколадо или лешник
  • половина банана
  • 100 мл млеко
  • 5 супени лажици стопен путер или маргарин (околу 50 г)

За филот:

  • 1 кесичка шлаг или 80-100 мл ладно млеко
  • една и пол банана
  • уште неколку лажици крем од чоколадо или лешник за премачкување
Приготвување:

Во мелените бисквити ставете стопен путер, крем од чоколадо или лешник и млеко, па замесете смеса што лесно може да се обликува. По потреба, можете да ја намалите или зголемите количината на млеко.

Префрлете ја смесата на работна површина, на која сте ставиле приспособувачка фолија, па расукајте ја смесата со сукало.

Изматете шлаг со млеко, па премачкајте го врз смесата од бисквити. Во еден агол ставете банани, па со помош на приспособувачка фолија завиткајте ролат. Ставете го во фрижидер да се стегне, а кога ќе го извадите, декорирајте го со неколку лажици крем.

Ролат со кокос и чоколадо што не се пече: Највкусните залачиња што ќе ве распаметат!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.