Баклавата со афион е највкусниот колач кој одлично оди со домашно кафе: За одмор и уживање

Фантастичен десерт

Баклавата со афион се приготвува побрзо од штрудлата со афион, а вкусот е покремлив и посочен

Состојки:
  • 500 г тенки кори
  • 5 јајца
  • 400 г мелен афион
  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша масло
  • 1 чаша јогурт
  • 1 прашок за печиво

За сирупот:

  • 800 мл вода
  • 2 чаши шеќер
  • 1 лимон исечкан на кругови
Приготвување:

Сварете сируп од вода, шеќер и лимон. Оставете го да се олади.

Изматете јајца, додајте шеќер, потоа масло, јогурт и печиво и сето тоа изматете го со миксер. Додајте и мелен афион, па промешајте го сето тоа. Секоја кора премачкајте ја со 3 лажици фил и редете ги една врз друга. Наредената пита со афион исечкајте ја на коцки, па печете ја. Врелата пита прелејте ја со сируп. Уживајте.

ФОТО: Freepik

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе