5 најскапи десерти во светот

Мали слатки задоволства

Во потрага сте по нешто несекојдневно, луксузно, егзотично…овие 5 десерти се за вас

Заборавете на обичните торти, колачи, пудинзи,  денес ви ги претставуваме 5-те најскапи десерти во светот.

Рецептот за Strawberries Arnaud е општо познат – сладолед од јагоди со цитрус и црвено вино. Но јагодите кои ќе ги најдете во ресторанот Arnaud во Њу Орлеанс не се обично сечкано овошје. Овој десерт доаѓа со уникатен розов дијамант од 4.7 карати кој порано му припаѓал на британскиот економист Сер Ернест Касел. Цената за овој десерт е навистина неверојатна, дури 1,4 милиони долари, а самите јагоди се се служат прелиени со ликер Charles X кој чини 24. 850 долари.

 

Иако не е во масовно производство, на оваа листа мора да се најде и Platinum Cake (тортата од платина), која чини неверојатни 130 000 долари. Тортата е дело на познатиот јапонски готвач Nobue Ikara, кој вели дека тортата ја изработува во чест на сите убави жени. Десертот е накитен со ланчиња од бело злато, а дел од нив се јадат.  Тортата е посветена на познатите јапонки како Rinko Kikuchi и Chie Kumazawa, а самиот готвач вели дека со овој десерт сака да ги охрабри жените да носат накит изработен од бело злато.

 

Frrozen Haute Chocolate е десерт кој е креација на Serendipit 3 и њујоршката продавница за накит Euphoria. Десертот е микс на 28 видови на какао, од кои 14 се најскапите и најретките видови на какао во светот. Освен какао, овој десерт содржи 5 грама прехрамбено злато, како и алка од злато и дијаманти. Десертот се јаде со златна лажичка на која има бели и кафени дијаманти, кои клиентот може да ги задржи.

 

Fortress Stilt Fisherman Indulgence порано беше познат како најскапиот десерт на светот. Овој десерт чини 14.500 долари и се служи во хотел во Шри Ланка. Десертот е направен од тесто со златни ливчиња и компот од манго и калинки. Она што го прави овој десерт посебен е декорацијата, која ја сочинуваат рибар изработен од чоколадо и аквамарин од 80 карати.

 

Чоколадите Noka се познати како едни од највкусните и најделикатните чоколади во светот. Направени се од какао од најдобрите региони во светот, како Венецуела, Еквадор или Брегот на слоновата коска. Ретро колекцијата на овие чоколади чини неверојатни 854 долари за половина килограм. Со нивната класична арома и уникатен вкус, Noka чоколадите се дефинитивно едни од најдобрите во светот.

 

 

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.