Брз, евтин и вкусен ручек: Зеленчук потпечен во рерна!

Вкусно!

Доколку сакате да подготвите нешто здраво и вкусно за ручек, а немате многу време за тоа, во тој случај најдобар избор е зеленчукот од рерна.

Замислете ја количината на витамини, минерали, антиоксиданси, влакна и други хранливи материи во зеленчукот. И сето тоа во вашата чинија во форма на вкусен оброк. И најдоброто нешто е што ова јадење може да го направи дури и почетник во кујната. Воопшто не можете да погрешите. Освен ако не дозволите зеленчукот да се готви предолго и да ви се изгори…

Состојки:

  • 400 гр компир
  • 1 сладок компир
  • 1 тиквичка
  • 2-3 пиперки
  • 2 големи моркови
  • 1 модар патлиџан
  • 1 голем домат
  • 1 голема главица црвен кромид
  • 3-4 големи чешниња лук
  • 2 гранчиња рузмарин
  • сол и бибер по вкус
  • други зачини по вкус

Подготовка:

Добро измијте го целиот зеленчук. Излупете ги компирите, слаткиот компир, кромидот и лукот. Компирот, слаткиот компир и кромидот исечкајте ги на кришки. Изгмечете го лукот со рачка од кујнски нож. Извадете ги семките од пиперките и исечете ги на ленти. Тиквичките не треба да ги лупите, само исечете ги на тенки прстени или коцки. Истото важи и за модриот патлиџан. Зеленчукот истурете го во подмачкана тава или сад за печење, зачинете по вкус и додадете свеж рузмарин. Додадете масло, се меша и се пече во рерна загреана на 200 степени околу 35-40 минути. Послужете топло со сирење (одлично оди со фета).

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе