Босанските ќебапи на 30-то место, сармата на 10-то место, а за најдобро јадење во светот е прогласена…

Светскиот атлас за храна ги претстави 100 најдобри традиционални специјалитети на планетата, а интересно е што сармата е во топ 10.

Атласот за вкус, кој содржи база на податоци со повеќе од 10.000 традиционални јадења и локални производи, објави годишна листа на најдобри јадења во светот, заснована на гласовите на повеќе од 63.000 луѓе.

На прво место се најде неаполската пица маргарита со резултат 4,66, а италијанската кујна ја освои титулата за најдобра традиционална кујна во светот.

Што се однесува до јадењата во кои се „колнеме“, сармите влегоа во топ 10 (иако како турско јадење, што најдобро е да се нарача во Букурешт), а босанските ќебапи се на 30-то место на листата со просечна оценка 4,22.

На списокот има и гулаш, мусака, паприкаш, но и чизбургер како американски традиционален специјалитет.

Погледнете кои јадења ги зазедоа првите 10 места:

Пица маргарита (Италија)

Адана ќебап (Турција)

Рамен (Јапонија)

Ломо салтадо (Перу)

Донер ќебап (Турција)

Такос ал пастор (Мексико)

Шалтибаршчи (Литванија)

Гyјоза (Јапонија)

Кочинита Пибил (Мексико)

Сарма (Турција)

Погледнете го комплетниот список на 100-те најдобри традиционални јадења во светот.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време