Шарлиз Терон открива: Овие три вежби ѝ ги обликуваат нозете и ја одржуваат во врвна форма и по педесеттата година

Холивудската актерка Шарлиз Терон и во шестата деценија воодушевува со својата вита фигура и беспрекорно обликуваните нозе. Иако многумина сметаат дека изгледот ѝ се должи на генетиката, таа открива дека тајната е во редовното вежбање, а не во строгите диети или изгладнувањето.

Среќна сум што никогаш не сум била личност што седи дома. Кога ќе пронајдете физичка активност во која навистина уживате, тренингот престанува да биде обврска. Така останувате во форма без да го чувствувате тоа како товар“, вели актерката.

Од балет до пилатес

Поради повреда на коленото, Шарлиз повеќе не тренира балет, иако токму тој уште од детството ѝ помогнал да развие правилно држење на телото и дисциплина.

Денес тренира три до четири пати неделно, комбинирајќи пилатес, јога, функционални тренинзи и елементи од бокс. Пилатесот, како што вели, е нејзиниот омилен избор бидејќи ги издолжува и обликува мускулите без да ја зголеми нивната маса.

Трите вежби без кои не може

1. Скокање јаже

Секој тренинг го започнува со околу пет минути скокање јаже.

Оваа кардиовежба ги активира листовите, задната ложа и глутеусите, го забрзува пулсот и помага во согорувањето калории, а истовремено го подготвува телото за остатокот од тренингот.

2. Возење статичен велосипед или спининг

Возењето велосипед е неизоставен дел од нејзината неделна рутина.

Оваа активност ги зајакнува квадрицепсите, ги обликува бутовите и придонесува за цврсти и дефинирани нозе.

Ако направам пауза од само три дена, многу потешко ми е повторно да се вратам во теретана. Затоа избегнувам долги паузи и се држам до својот ритам“, признава актерката.

3. Качување на клупа (Step-up)

Третата вежба што редовно ја практикува е искачување на ниска клупа или стабилна платформа.

Со секое подигнување на коленото се активираат глутеусите и предниот дел од бутовите, а истовремено се подобруваат рамнотежата, стабилноста и силата на целото тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlize Theron (@charlizeafrica)

Тајната не е во чудотворните решенија

Шарлиз Терон нагласува дека не постои магична формула за совршена фигура. Според неа, најважни се доследноста, умереноста, правилната хидратација и тренингот приспособен на сопственото тело.

Нејзиниот пример уште еднаш покажува дека годините не се пречка за одлична физичка форма, туку потсетник дека грижата за себе треба да стане приоритет.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе