Иако бројката од 10.000 чекори изгледа како тренд, всушност зад неа стои сериозна наука.
Овој дневен ритам ја подобрува циркулацијата, го забрзува метаболизмот и помага во одржувањето здрава телесна тежина. Чекорењето ги зајакнува мускулите, ја зголемува флексибилноста, го намалува ризикот од срцеви болести и истовремено ја подигнува енергијата и го намалува стресот.
ва е природен и достапен начин за движење, без посебна опрема, напор или дополнително време. Дури и ако ви се чини дека е недостижно, следните совети ќе ве разубедат.
Почнете од утрото
-
Додека се подготвувате за работа или чекате кафето да се свари, прошетајте низ станот неколку минути.
-
Овие кратки прошетки од 2–3 минути, повторени неколку пати, додаваат околу 500 чекори без мака.
Претворете ја рутината во движење
-
Шетајте додека зборувате на телефон или слушате подкасти.
-
Користете скали наместо лифт. Дури и неколку ката дневно прават разлика.
-
Паркирајте подалеку од влезот или најдалечниот дел од паркингот – тоа може да донесе 300–800 чекори дневно.
-
Стојте повремено ако работите од дома – мали чекори и префрлување на тежината веќе ја зголемува активноста.
Претворете ги домашните работи во активност
-
Чистење, готвење, диплење облека – сите овие активности веќе се чекори.
-
Работете ги поактивно за да додадете уште неколку стотици чекори.
-
Кратка прошетка додека чекате пред училиште, аптека или перална, може да додаде десетици чекори без дополнителен напор.
Прошетката по оброкот е корисна
Неколку минути прошетка по ручекот помага за варење и стабилизација на шеќерот во крвта, а истовремено додава 500–700 чекори дневно.
Со малку внимание и неколку паметни навики, 10.000 чекори стануваат нормален дел од вашиот животен стил, без стрес и без дополнително одвоено време.
Фото: Инстаграм