На 56 години изгледа подобро од кога било: Џенифер Лопез не ги прескокнува овие 7 вежби за сила

Додека многумина се прашуваат како успева да изгледа толку младо и енергично на 56 години, одговорот на Џенифер Лопез не е никаква тајна – дисциплина, напорни тренинзи и постојана грижа за телото.

Ѕвездата на „Office Romance“ комбинира интензивни вежби за сила со мобилност и функционални тренинзи, а фитнес експертите откриваат дека постојат седум вежби кои речиси никогаш не ги прескокнува. Меѓу нив се чучњеви, исчекори, мртво кревање, потисок за рамена, вежби за грб, планк и различни варијации за зајакнување на јадрото на телото. Овие вежби не само што помагаат во обликување на фигурата, туку придонесуваат и за подобра сила, стабилност и подвижност.

Лопез често истакнува дека не тренира само за изглед, туку и за здравје, енергија и долговечност. Токму затоа нејзините тренинзи се фокусирани на градење мускулна сила и одржување на функционалноста на телото, наместо само на согорување калории. Покрај вежбањето, таа внимава и на исхраната, доволниот сон и хидратацијата, фактори кои според неа играат клучна улога во одржувањето на младешкиот изглед.

Со ваква посветеност, не е изненадување што Џенифер Лопез и во шестата деценија од животот важи за една од најфит и најатрактивни жени во светот на шоу-бизнисот.

Во пресрет на новиот филм „Office Romance“, Лопез откри дека со години се придржува до истите навики.

„Знаеш дека ќе бидеш пред камера. Мора да бидеш подготвен – и во теретана и со правилна исхрана. Се работи за здраво јадење, вистински избор на храна и доследност“, изјави таа.

Иако признава дека понекогаш чувствува замор по долг работен ден, вели дека ретко кога дозволува тоа да биде изговор за пропуштање тренинг.

„Многу ретко го прескокнувам тренингот. Понекогаш си велам дека не можам, но потоа се убедувам да станам и да го направам. Само еден час е“, открила Лопез.

Нејзиниот личен тренер Дод Ромеро изјави дека ѕвездата тренира трипати неделно и дека денес е во подобра форма од кога било досега.

Покрај кардио и танцови тренинзи, Џенифер во последните години сè повеќе се фокусира на вежби со тегови.

„Кревам тешки тегови. Тоа е нешто што треба да започнете да го правите уште во триесеттите години. Со стареењето губиме мускулна маса, па мора да ја градиме и одржуваме“, објасни таа.

Вежбите без кои Џенифер Лопез не може

Според нејзините тренери, тренингот најчесто вклучува:

  • Сумо чучњеви со тегови
  • Исчекори
  • Подигање на нозете за стомачни мускули
  • Склекови и вежби за горен дел од телото
  • Планк
  • Вежби со отпорни ленти
  • Јога и мобилност за подобра флексибилност

Комбинацијата од сила, издржливост и мобилност е она што ѝ помага на Џенифер Лопез да ја одржи својата препознатлива фигура и младешка енергија дури и во шестата деценија од животот.

„Движењето е дел од моите животни вредности“, порачува Лопез – и токму тоа изгледа е нејзиниот рецепт за долговечна форма и здравје.

1. Ротиран висок исчекор (Revolved High Lunge)

Една од вежбите што Џенифер Лопез редовно ја практикува е „Revolved High Lunge“ – комбинација од јога поза и функционално движење кое истовремено ја подобрува силата, рамнотежата и подвижноста.

Вежбата се изведува така што едната нога е поставена напред во длабок исчекор, додека задната останува исправена. Од таа позиција телото се ротира кон страната на предната нога, активирајќи ги стомачните мускули, колковите, нозете и долниот дел од грбот.

2. Странично подигање на раце со тегови (Lateral Raise)

„Lateral Raise“ е една од омилените вежби на Џенифер Лопез за обликување и зајакнување на рамената. Иако изгледа едноставно, оваа вежба е исклучително ефикасна за градење сила во горниот дел од телото и создавање дефиниран изглед на рацете и рамената.

Се изведува со лесни до средно тешки тегови во двете раце. Од стоечка положба, рацете се подигаат странично до висина на рамениците, а потоа контролирано се спуштаат назад.

Придобивки од вежбата:

  • Ги зајакнува рамените мускули
  • Помага за подобро држење на телото
  • Го подобрува изгледот и дефиницијата на рацете
  • Ја зголемува стабилноста на горниот дел од телото
  • Го намалува ризикот од повреди на рамениот појас

Според фитнес експертите, токму ваквите вежби со тегови се клучни за одржување на мускулната маса со текот на годините. Џенифер Лопез често нагласува дека силовите тренинзи се важен дел од нејзината рутина, бидејќи помагаат телото да остане цврсто, силно и функционално без разлика на возраста.

 

3. Трастер (Thruster)

„Thruster“ е комплексна вежба што ги комбинира чучњевите и потисокот над глава во едно движење, поради што важи за една од најефикасните вежби за целото тело. Токму затоа е дел од тренинзите на Џенифер Лопез, која се фокусира на сила, издржливост и функционална кондиција.

Вежбата започнува со тегови во висина на рамениците. Од таа позиција се прави чучњ, а при исправувањето теговите се потиснуваат над главата во едно континуирано движење.

 

ОСТАНАТИТЕ ВЕЖБИ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ДРУГАТА СТРАНИЦА

 

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе