ХОРОР! Теговите повалкани од веце-школката: Тајната што се премолчува во теретаните и фитнес-центрите

Ако мислите дека посетата на теретаната ја гради само мускулната маса, се лажете. Најновите микробиолошки анализи покажуваат дека омилените теретани всушност се легла на опасни микроорганизми.

Фитнес-центрите се гордеат со својот изглед и модерната опрема, но ретко кој зборува за хигиенските стандарди. Додека се потите и ги трошите последните капки енергија, на вашите дланки се лепат милиони микроорганизми оставени од претходните посетители. Затоа не е изненадување што се зголемува бројот на вежбачи кои страдаат од габични инфекции и вирусни заболувања – патогените се шират побрзо отколку што мислите.

Болестите се кријат на справите

Науката покажа дека на рачките, седиштата и на теговите се наоѓаат милијарди бактерии, вируси и габи. Експертите идентификуваа вистински „смртоносен коктел“, меѓу кои се ешерихија коли и златен стафилокок, познати како предизвикувачи на сериозни кожни инфекции и труења.

Не е реткост ниту присуството на вируси кои предизвикуваат респираторни и цревни заболувања.

Дали е можно да го загрозите своето здравје заради добар изглед?

Превенција и заштита

Лекарите советуваат строго да се придржувате до следниве мерки кои можат да го заштитат вашето здравје:

  • Секогаш користете свој пешкир: Никогаш не седете директно на справата, туку покријте ја со пешкирот.

  • Темелно миење на рацете: Измијте ги пред и по секое вежбање.

  • Дезинфекција на опремата: Избришете ги справите пред и по употреба со дезинфекционо средство, кое е достапно во повеќето теретани.

Не дозволувајте добриот изглед да ве чини здравјето. Вниманието и хигиената се клучни за безбедно користење на фитнес-опремата. Споделете ја оваа информација за да ги заштитите и другите.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе