Фитнес-инфлуенсерката Ана Стојанова повторно го привлече вниманието на своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи фотографија во танги со која, покрај својата беспрекорна фигура, испрати и мотивирачка порака за сите што мислат дека летото е период за пауза од физичката активност.
На кој му се вежба во лето?! Или на прсти се бројат тие што вежбаат на одмор…“, напиша Стојанова, додавајќи дека токму затоа во нејзината фитнес-заедница „Армијата“ има поинаков пристап кој, како што вели, им овозможува на членовите да останат во форма во текот на целата година.
Летото не е изговор
Стојанова објаснува дека нејзината фитнес-програма е поделена на четири сезонски циклуси, при што секој период од годината има различна стратегија за тренинг.
Во текот на летните месеци, фокусот е ставен на сезоната „Баланс“, која е наменета за одржување на постигнатите резултати, добра кондиција и дефиниција на телото, без исцрпувачки и долги тренинзи.
Целта е едноставна – баланс, континуитет и зачувување на резултатите додека уживате во летото“, порачува таа.
Совршена форма и среде летните горештини
Фотографијата, на која Ана позира во летно издание, предизвика бројни реакции меѓу нејзините следбеници, кои повторно ги пофалија нејзината дисциплина, физичка подготвеност и мотивацијата што секојдневно ја споделува преку своите профили на социјалните мрежи.
Многумина во коментарите истакнуваат дека токму нејзиниот пристап ги мотивира да не ги прекинуваат тренинзите ниту за време на годишниот одмор.
View this post on Instagram
Најави дека следува големо изненадување
Покрај советите за летните тренинзи, Ана Стојанова ги заинтригира своите следбеници и со кратка најава дека нејзиниот тим работел интензивно во изминатиот период.
Летово тимот на Армијата беше многу вреден… Очекувајте нешто ново“, напиша таа, оставајќи емотикони што дополнително ја разбудија љубопитноста кај нејзините обожаватели.
Иако не открива за што точно станува збор, јасно е дека наскоро ќе претстави нов проект, кој, според реакциите на нејзината публика, веќе се очекува со големо нетрпение.
Фото: Инстаграм