Интензивно, иновативно, ефикасно – откријте го тренингот што штеди време и носи резултати.
Марија и Благица се лиценцирани ЕМС-инструкторки, обучени во Келн, Германија, за спроведување напредни и безбедни ЕМС-тренинзи со врвна технологија во фитнес-индустријата. Водени од идејата да им понудат на клиентите опција што ќе им заштеди време, ќе го намали стресот и ќе им донесе резултати без изговори за недостиг од време или услови за вежбање, тие отворија две ЕМС-студија.


Планираат да изградат партнерства со компаниите кои се грижат за благосостојбата на своите вработени, овозможувајќи кратки, но ефикасни ЕМС-тренинзи директно на работното место – без губење време во сообраќајниот метеж.
1. Што ве инспирираше да отворите фитнес-студио со толку иновативна технологија како вежбањето со струја?
Како основачи, Марија и Благица, инспирацијата ја добивме во кризниот период на короната, од едноставна идеја – да им понудиме на луѓето нешто што ќе им заштеди време, ќе го намали стресот и ќе им донесе резултати без изговори како „немам време за вежбање“ или „не можам во гужви да вежбам“. Во тоа време, поради рестрикциите, не смееше да се мешаме во гужви, па тренингот еден на еден беше побезбеден и практичен – токму тоа ни ја даде главната идеја за нашето студио. Сакавме да создадеме место каде психофизичкото здравје и технологијата се сретнуваат, а секој член чувствува дека вложува во најдоброто за себе на безбеден начин.
2. За луѓето кои првпат слушаат за EMS-тренинг, како би го објасниле принципот и предностите?
EMS (електро-мускулна стимулација) е технологија која со безболни електрични импулси ги активира сите мускулни групи истовремено. Со само 20-минутен тренинг, оптимален двапати неделно, се постигнува ефект еднаков на повеќечасовен тренинг во класична теретана. Тоа значи побрзи резултати, минимално оптоварување на зглобовите и оптимална ефикасност.
3. Кои се најчестите предрасуди со кои се среќавате?
Многу луѓе мислат дека EMS е болно или небезбедно, или дека е „лесен“ тренинг. Всушност, импулсите се пријатни и целосно прилагодени на индивидуалните потреби, а членовите многу брзо согледуваат дека ова е сериозен тренинг и вистински предизвик. Пред нашето постоење, многумина EMС студиа го претставуваа тренингот како „за мрзливи“ или само за луѓе со вишок килограми, или како „топшоп производ“. Нашата цел е да создадеме вистинска и реална слика – EMS е ефикасен, иновативен и професионален метод за сите кои сакаат резултати.
4. Дали овој тип тренинг е наменет само за спортисти и напредни вежбачи или е соодветен и за почетници?
Апсолутно секој здрав човек може да вежба со EMS. Од луѓе кои никогаш претходно не вежбале, до професионални спортисти. Интензитетот е индивидуално прилагоден – почетниците добиваат безбедно воведување и едукација, а напредните вежбачи добиваат ново ниво на предизвик.
5. Колку брзо клиентите можат да очекуваат видливи резултати во споредба со класичниот фитнес?
Првите промени се чувствуваат по само неколку тренинзи – повеќе енергија, зајакнато држење на телото и подобрена издржливост. Видливи резултати на тело и форма најчесто се постигнуваат за 4–6 недели, што е значително побрзо од класичните методи. Резултатите се најимпресивни кога тренинзите се комбинираат со препораки за правилна исхрана кои следуваат со секој EMS пакет.
6. Освен физичката трансформација, какви промени забележувате кај клиентите – во енергија, расположение или мотивација?
Нашите редовни членови често велат дека се чувствуваат полесно, пофокусирано и со повеќе самодоверба. EMS не е само тренинг за тело – тоа е и „рестарт“ за умот. Луѓето добиваат нова енергија, повеќе дисциплина и мотив кој се одразува и надвор од студиото, во секојдневниот живот. Токму затоа нашата мисија е да инспирираме поголема грижа за себе и целосно вложување во личното здравје и благосостојба.
7. Како изгледа еден типичен тренинг во вашето студио?
Членот се пречекува со индивидуално внимание и добива памучен пододел – хеланки и маица наменети за секој EMS тренинг. Потоа инструкторот го аплицира соодветниот EMS елек, го поставува персонализираниот програм според целите на членот и започнува 20 минути целосна активација. За тоа време, инструкторот постојано следи, коригира и охрабрува. По завршувањето, членот добива кратка EMS масажа за релаксација на мускулите, како и кратки препораки за хидратација и исхрана. Членот си заминува со чувство дека поминал цел час и половина во теретана – но без да изгуби време.
8. Кои категории луѓе најмногу имаат корист од EMS-тренингот?
На нашите тренинзи најчесто доаѓаат луѓе со динамичен живот кои немаат време за долги тренинзи – родители со деца, менаџери, професионалци кои често патуваат… Но, меѓу нашите членови се и спортисти кои сакаат дополнителна сила и издржливост, како и лица кои се враќаат од повреди или сакаат безбедно да вежбаат без оптоварување на зглобовите.
9. Какви предизвици имавте во градењето на бренд и доверба кај клиентите со нешто што за многумина е ново и непознато?
Предизвикот беше да ја разбиеме недовербата кон нешто „необично“. Луѓето беа скептични, но ние вложивме во едукација, транспарентна комуникација, присуство на социјалните мрежи и, најмногу, во резултати кои членовите ги почувствуваа и видоа. Со над 400 задоволни членови, секој од нив стана наша најсилна препорака. Денес со гордост можеме да кажеме дека сме лидер во Македонија и пример како иновацијата создава доверба.
10. Што следно може да очекуваме од вашето студио – нови програми, партнерства или проширување?
Пред една година се проширивме со второ EMS студио во Аеродром, додека првото останува на Рузвелтова со уште еден инструктор. Следниот чекор е да изградиме партнерства со компании кои се грижат за благосостојбата на своите вработени, овозможувајќи им кратки, но ефикасни EMS тренинзи директно на работното место – без губење време во сообраќајни гужви. Постојано развиваме нови програми и следиме светски трендови, со цел уште повеќе луѓе во Македонија да го искусат овој иновативен и најефикасен тренинг.
Текст и фото: ПР