Видео од Вухан што го обиколи светот – короната е победена: Насмеаните лекари еден по еден ги вадат заштитните маски!

На агонијата и’ се ближи крајот

Последните две од вкупно 16 привремени болници се затворени – повеќе нема потреба од нив

Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирус во кинеската провинција Хубеј, биле затворени во вторник. Тоа значело затворање на сите 16 привремени болници за заболени од коронавирус во тој град.

Вкупно 49 пациенти излегле од привремените болници во вторникот околу 15.30 часот.

На социјалните мрежи осамна едно видео на кое се гледа како лекарите го обележале моментот кога била затворена и последната привремена болница.

Тие стоеле на скалите и додека камерата ги снимала еден по еден, ги ваделе своите заштитни маски.

https://twitter.com/coolstuffcheap/status/1237884089794834440

На лицата имале широки насмевки, а некои и’ мавтале на камерата. Ова видео го заобиколи целиот свет и собрало бројни позитивни коментари.

Кинеските власти претходно ги преуредиле јавните објекти, како што се изложбените центри и спортски сали, во 16 привремени болници. Тие им служеле за да ги изолираат и излечат пациентите заболени од коронавирус.

Во овие центри, лекарска помош добиле околу 12.000 луѓе.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.