Сите снимаат, сите се смеат: ОВА е македонецот кој со танцот „Шики Шики Баба“ ги освои срцата на охридските туристи! (ВИДЕО)

Мартин Кировски од Кочани деновиве е вистинска атракција во Охрид. Со својот препознатлив, енергичен и заносен танц на хитот „Шики Шики Баба“, тој ги забавува туристите и случајните минувачи на повеќе охридски плажи, но и долж познатото охридско шеталиште.

Неговите настапи редовно привлекуваат насмевки, аплаузи и мобилни телефони насочени кон него, а видеата што ги објавува на социјалните мрежи за кратко време стануваат вирални и собираат илјадници прегледи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martin Kirovski (@martin.kirovski)

Во една прилика, Мартин истакна дека сето ова го прави исклучиво за забава и со цел да внесе повеќе позитивна енергија меѓу луѓето. Тој вели дека негативните коментари воопшто не го погодуваат, бидејќи најважно му е неговите видеа да допрат до што повеќе луѓе и барем за момент да им измамат насмевка.

Со својата опуштеност, позитивен дух и необични танцови настапи, кумановецот повторно докажа дека за добро расположение не е потребна голема сцена – доволни се музика, насмевка и желба да се забавуваат луѓето околу вас.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martin Kirovski (@martin.kirovski)

 

Фото: Инстаграм Принтскрин

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе