Погледнете ја божиќната реклама што расплака милиони: Прекрасно видео што ги враќа вербата и надежта! (ВИДЕО)

Мора да веруваме!

Оваа божиќна реклама многумина ја нарекуваат една од најдобрите реклами, откако собрала десетици милиони прегледи и бројни реакции за само две недели

Триминутната реклама прикажува дедо, кој изолиран поради пандемијата на ковид-19, сам почнува да вежба и да си ги враќа кондицијата и снагата. Повозрасниот маж се бори и се мачи, но го мотивира врамената фотографија која публиката не може да ја види во првите моменти.

Моментот во кој е откриено зошто дедото цела година вредно тренирал, им го скрши срцето на многумина и предизвика најдлабоки емоции.

Рекламата на фармацевтската компанија Doc Morris стана вирална, а многумина признале дека пуштиле солза гледајќи ја.

„Честитки за прекрасното видео. Никогаш не е доцна за да почнете да се грижите за себе за да можете да се погрижите за она што навистина е важно. Многу моќна порака! Да, се расплакав!“, се само некои од бројните реакции на ова емотивно видео.

Со оглед на тоа колку оваа 2020 година беше тешка за сите и колку стрес, страв, тага и болка им донесе на милиони луѓе ширум светот, неверојатно е да се види како во три минути од една реклама може да се покаже она што е важно, да се стопли срцето и да нè трогне на најпрекрасниот и најчовечкиот можен начин.

Се чини дека на сите токму тоа ни е потребно овие празнични, но пандемиски денови – да се потсетиме дека животот е убав, дека имаме за што и за кого да се бориме и да ги пребродиме сите неволји, како и дека повторно сè ќе биде добро.

Погледнете го видеото кое ќе ве разнежни и охрабри истовремено.

Божиќ во Земјата на чудата изгледа вака (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.