Ова е сликата на реалната борба против коронавирусот: Италијанските доктори го покажале вистинското лице! (ВИДЕО)

Неверојатно

Погледнете ги лицата на овие храбри луѓе!

Федерацијата на здравствени работници во Италија објави видео во кое преку драматични фотографии апелира до граѓаните да останат дома и ги предупредува за проблемите во лекувањето со кои се соочуваат голем број пациенти заболени од коронавирусот во таа земја.

Нема веќе време. Нема веќе кревети, недостигаат заштитни маски и костими, во постојана опасност сме, знаеме дека секој ден ризикуваме да бидеме заразени и да го внесеме вирусот во нашите домови. Немаме време ни за солзи, освен на крајот од долгите исцрпувачки смени. Гледаме смрт на која ѝ е ускратено и тоа да биде обележана достоинствено. Малкумина сме и исцрпени сме“, се наведува во тоа видео.

Снимката се состои од фотографии на доктори и медицински персонал што биле објавувани на социјалните мрежи, со отоци на лицето од долгото носење заштитни маски и очила.

Ги посетуваме граѓаните во нивните домови, како војници на фронт, без заштита. Ако не ја сопреме оваа лавина, ќе платиме скапо: пад на целиот здравствен систем и на сето она за кое вреди да се живее. Ни требаат болници, човештво, веднаш, сега, не утре. Ни требате и вие, драги сограѓани. Затворете се дома. Секое излегување му отвора врата на вирусот. Не смееме да го дозволиме тоа, немаме веќе време.“

Италија е најпогодената земја со епидемија на коронавирус по Кина. Во таа земја повеќе од 20.000 луѓе заболеле, а речиси две илјади починале.

Во продолжение погледнете го моќното видео…

ФОТО: Printscreen/ Youtube

Погледнете го и ова видео од Вухан во кое насмеаните доктори ги вадат заштитните маски по победата на коронавирусот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.