Она што Двејн го направил за својата роднина, некој не би го направил ни за роденото дете: Актерот уште еднаш покажал дека има златно срце

Трогателно

Двејн Џонсон решил да ѝ помогне на својата роднина да ги остави тешките времиња зад себе

Двејн Џонсон, попознат како The Rock, не е само успешен актер и борач. Тој, исто така, е многу великодушен човек. Има постигнато голема слава и богатство, но не ги заборавил луѓето кои го поддржувале на почетокот. Подарокот што ѝ го подарил на својата роднина е најдобриот пример за тоа.

Роднината на Двејн, Сарона Снука, е професионален борач. Со борење се занимава од 2009 година и има освоено неколку шампионати во кариерата. Меѓутоа, работите не течеле секогаш како подмачкано.

Како што напишал The Rock на својот инстаграм-профил:

„Оваа девојка помина низ некои тешки времиња, но без оглед на тоа што ѝ го сервира животот – СЕКОГАШ е одлучна да го прекине кругот и да стане силен и инспиративен пример за самохраните мајки, како и за своите две најголеми инспирации – нејзините ќерки Миланета и Малеата.“

Тој, исто така, нагласил дека многу е тешко да се стане професионален борач, а на жените им е уште потешко. Меѓутоа, со својот труд и со посветеноста, успеала да добие почит од своите колеги. И тој бил горд на неа, па ѝ приредил изненадување што ѝ го сменило животот: ѝ подарил комплетно нов, луксузен дом.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

Таа реагирала со очи полни со солзи: „Не можам да поверувам во ова“, вели таа во видеото што Двејн го објавил на својот инстаграм-профил.

„Моето срце е гордо. Те сакам, бидејќи секогаш си го чуваме грбот. Добредојде во твојата куќа“, напишал тој во описот на видеото.

Сарона не е единствената што The Rock ја изненадил со подарок што го менува животот. Тој исто така му подарил комплетно нов камион на младичот што му помогнал да го купи својот прв автомобил. „Карпата“ навистина има златно срце.

Двејн Џонсон вака се храни за да остане во форма
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.