Нов спот на „Тајфата“ за баладата „Љубов без крај“

Слушнете ја оваа поп-шлагер балада во медитерански дух, погледнете го видео записот и уживајте!

Популарната поп-група „Тајфата“ вчера го одбележа празникот на жената со објавување нова песна и видеоспот. Посветена е на припадничките на понежниот пол и на бескрајната љубов на мажите кон нив. Авторка на текстот е Сара Пројковски, а станува збор за стандардна љубовна приказна на еден маж и една жена.

Покрај членовите од групата, во спотот се појавуваат и повеќе интересни ликови, меѓу кои Пламенка Трајковска и нејзиниот гудачки квартет, д-р Горан Младеновски на гитара, балерината Мила Ниновска која носи прекрасна креација на Ношпал и Илија Волчески, актер од Прилепскиот театар.

Спотот е снимен во Double Tree by Hilton во продукција на „Тајфата продакшн“.

„Тоа е таа музика која никогаш не умира, тоа е тој вечниот Медитеран, вечната инспирација. Пејачот на ‘Тајфата’ Владимир Богоески во својот специфичен глас ја има онаа слатка нота која е обоена со боите и мирисот на широко сино море. Па, додека ја слушате ‘Љубов без крај’ имате неописливо чувство како да се лулкате на морските бранови под топлото сонце на Медитеранот“, открива Александар Тренчовски, пијанист.

Слушнете ја оваа поп-шлагер балада во медитерански дух, погледнете го видео записот и уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.