Министерот Филипче соопшти: Малиот Ајан ја победи болеста (ВИДЕО)

Прекрасно

Ѕвончето за среќа заѕвони на Клиниката за детски болести

Министерот за здравство Венко Филипче на својот твитер-профил објави прекрасна вест, која ги израдува сите што имаа можност да ја прочитаат. Уште повеќе емоции предизвика видеото што министерот го сподели во прилог на веста.

Имено, станува збор за оздравувањето на малиот Ајан, кој ја победи болеста и си замина од Клиниката за детски болести среќен дома. Ѕвончето за среќа заѕвони на Клиниката за детски болести.

Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво, Ајан! Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас“, напиша министерот и го сподели видеото со малиот Ајан.

 

Видео: Твитер

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.