Мартина Митревска со видеозапис за љубовната приказна „Мое мило“

Моќна песна што ќе ве разнежи!

Песната со која младата пејачка се претстави на „Макфест“ доби свој видео запис

Младата Мартина Митревска годинава по вторпат настапи на „Макфест“ со прекрасна песна што мистериозно раскажува една среќна љубовна приказна наречена „Мое Мило“. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а аранжманот на Кристијан Габроски.

Пред неколку дена излезе и видеоспотот за песната, кој е инаку прв спот на Мартина, а на него работела заедно со момците од Pyramid Production.

Спотот бил сниман во с. Куклица, во близина на Кратово, каде што се наоѓаат „скаменетите свадбари“ кои сами по себе се вистинско ремек-дело на природата.

„Многу сум среќна што се’ излезе и повеќе од тоа што очекував, а Pyramid Production се покажаа како прекрасни и професионални соработници, исто како Самарџиев и Габроски, а и останатиот дел од тимот што стои позади овој проект“, изјави Мартина.

Погледнете го првиот видео запис на Мартина Митревска и уживајте во нејзината моќна песна…

loading...

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време