Јелена Карлеуша среде поплава: „Ова е најлошиот ден во мојот живот!“

Јелена Карлеуша, која пред неколку ден објави дека се разведува по 14 години брак со фудбалерот Душко Тошиќ, набрзо доживеа општ хаос.

Јелена Карлеуша конечно објави дека таа и Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брачен живот, но тоа не им беше крајот на маките на популарната пејачка.

Имено, Карлеуша за време на најголемото невреме во Белград, тргнала кон тетка си, која била заглавена со возилото, па и самата завршила во поплавата. Во целата таа ситуација, боса и мокра до гола кожа, на пејачката ѝ се понудил еден вистински џентлмен да ѝ помогне да се извлече од автомобилот.

Целата драма ја снимаше нејзината тетка Даниела, а пејачката потоа, го објави видеото на Инстаграм.

Видеото е голем хит на социјалните мрежи.

Ова е најлошиот ден во мојот живот“, се слуша во еден момент како се жали Карлеуша.

@anat9377 Pt2 #jelenakarleusa #karleusa #poplava #jk #beograd #part2 ♬ original sound – AnaT

Потсетуваме, во вторник, Јелена објави дека таа и Душко се разведуваат и појасни дека Тошиќ веќе не се гледа себеси како дел од фамилијата.

Повеќе информации можете да прочитате ТУКА.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.