Интернет хит: Излезе снимка од Бил Гејтс на која „игра“ неконтролирано (ВИДЕО)

Видео на денот

Бил Гејтс секако не остава впечаток на личност која е вешта во играњето, но старата снимка на кој милијардерот се гледа како игра, сепак ги надмина сите очекувања кога станува збор за неговиот недостаток на талент.

Имено, на Твитер се шири снимка која датира дури од август 1995 година, а на која се прикажува тим на луѓе кои го лансирале оперативниот систем Windows 95. Снимката прикажува презентација на истиот, а сите кои учествуваа во креирањето биле очигледно подготвени добро да се забавуваат и да го прослават својот успех.

Тие играат на стиховите на песната “Start Me Up” од бендот The Rolling Stones, а сите биле идентично облечени – носеле поло маици и панталони. Меѓу нив, секако, беше присутен и Бил Гејтс.

Ритамот и играњето секако не се најсилните страни на господата од сцената, но сепак најголемо внимание на оваа снимка привлекоа движењата на Гејтс. Во најмала рака, тие можат да се окарактеризираат како неусогласени, па дури и бизарни.

Видеото е прегледано над 3,7 милиони пати, а коментарите очекувано се урнебесни: „Олицетворение на глупаци“, „Ова е експеримент наречен: „Танц на невините““, „Еве како да се однесувате кога ќе сфатите дека го менувате светот“, „Сите тие пари и никој од нив не се потруди да ја отстрани оваа брука“, „Се потам само што го гледам ова“, „Се срамам поради нив“, се само дел од коментарите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.