Хит-видео од пијана верверица што го насмеа Интернетот: Изела скапана круша, а потоа шоуто започнало! (ВИДЕО)

Вирално видео

Една девојка од Минесота случајно ѝ дала расипана круша на верверицата во нејзиниот двор и животното, веројатно, убаво се опијанило!

Кејтлин Морлок минатата недела го чистела фрижидерот, во кој нашла кеса со круши.

Му ги дала на нејзиното домашно милениче, свињата Хамлет, а дел останал за верверичката која редовно доаѓала по храна во нејзиниот двор. Верверичката истиот момент му навалила на овошјето, а по еден час се вратила и по репете.

Но одот ѝ бил чуден. Кога почнала да се навалува наназад, Кејтлин сфатила дека крушите во фрижидерот ферментирале.

Инаку, на верверичката, за среќа, ѝ е добро и Кејтлин открила дека следниот ден се вратила по уште храна.

Погледнете го видеото за да ја видите оваа смешна пијана верверичка!

https://www.youtube.com/watch?v=Nu5CFPokq7k

Видео: Девојка шета наоколу во проѕирни и претесни хеланки, погледнете ја реакцијата на луѓето
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.