5 најгледани видеа на ТикТок: Овие видеа со причина го освоија Интернетот!

Корисни и интересни

Можеби ќе најдете нешто токму како за вас

Иако најпозната е по танцовите предизвици кои се шират низ светот како зараза, сѐ попопуларната социјална мрежа ТикТок во последно време привлекува внимание и со интересни совети и трикови за чистење.

Овие 5 видеа ги погледнале милион луѓе и веќе станале едни од најгледаните на оваа социјална мрежа…

Коцки во машина за садови

Ако вашите деца имаат голема колекција на коцки, сигурно често сте размислувале за тоа барем повремено да ги чистите и дезинфицирате. Еве едноставен трик: соберете ги коцките во мрежеста вреќичка за облека, заврзете ја и поставете ја на горниот сталак од машината за садови. Топлината и пареата не само што ќе ги исчистат нечистотиите од коцките, туку и ќе ги дезинфицираат.

За видеото кликнете ТУКА.
Тест за чистота на постелнината и пешкирите

Оваа идеја стана вирална уште пролетва, а резултатите се покажале многу брзо: наводно, чистите пешкири што еден корисник на ТикТок ги потопил во када со вода, по неколку часа ја обоиле водата во матно кафена. Откако видеото беше објавено на 24 април, собра повеќе од 800.000 лајкови и илјадници коментари. Ако сакате да ги тестирате вашите пешкири и постелнина, ќе ви треба малку боракс, сода за перење (Na2C03) и детергент.

За видеото кликнете ТУКА.
Врвен чистач на рерни

Ако последниве месеци постојано сте печеле во рерна, веројатно на нејзините страни се собрале маснотии и остатоци од храна. ТикТок има решение и за тоа: тајната на беспрекорната рерна е мешавина од три состојки: сода бикарбона, бел оцет и течност за миење садови. Кога ќе се искомбинираат, состојките создаваат хемиска реакција која резултира со пена за чистење.

За видеото кликнете ТУКА.
Вистински начин на чистење тоалет

Многумина го чистат тоалетот така што ја чистат внатрешноста на школката на врвот и го бришат нејзиниот надворешен дел, но колку често го чистите казанчето? Корисничка на ТикТок во своето видео потсетила дека и тоа треба добро да се исчисти. Прво, подигнете го капакот, оставете ја водата да се испразни, па потоа прочистете ги страните на казанчето со четка. Потоа повторно пуштете вода за да ги однесе нечистотиите.

За видеото кликнете ТУКА.
Средство за отстранување дамки од бели патики

Имате пар бели патики што почнале да изгледаат сиво? Корисничка на ТикТок го споделила својот таен трик за бели патики со сјај за садови. Оние што ја испробале техниката тврдат дека функционира!

За видеото кликнете ТУКА.
Овие трикови ќе ве чинат помалку од 50 денари: Ќе ви заштедат пари, простор и време! (ВИДЕО)
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време