Н. Е. Рејчел Галовеј: „Обединетото Кралство и понатаму ќе ѝ биде силен партнер на Северна Македонија“

Интервју со британската амбасадорка за „Економист: Светот во 2020-та“

Нашата цврста билатерална врска ќе продолжи да се развива.

Нејзината екселенција Рејчел Галовеј, британска амбасадорка во нашата земја, во разговорот за специјалното издание на престижниот „Економист: Светот во 2020-та“, кој првпат излезе на македонски јазик под ексклузивна лиценца на компанијата „Колор медиа плус“, откри дека владата на Обединетото Кралство ја квадрираше нејзината програма за поддршка на регионот – од 20 милиони фунти на 80 милиони фунти идната година.

Кои се очекувањата за Северна Македонија во 2020 година?

Идната година ќе биде уште една значајна година за Северна Македонија. Во тек се реформи, претстојат избори и државата ќе стане триесеттата земја-членка на НАТО.

Влезот во НАТО ќе го исполни сонот на жителите на Северна Македонија и ќе ѝ даде на државата надлежност и глас во услови на регионална безбедност.

Ова е резултат не само на храбрата одлука да се решат билатералните конфликти со соседните земји туку и на годините поминати во реформи, инвестиции и одржување на стабилноста. Ова достигнување ќе ги зголеми безбедноста, просперитетот и ќе донесе економски напредок.

Н. Е. Рејчел Галовеј, британска амбасадорка во Северна Македонија

Верувам дека 2020-та ќе донесе и позитивен развој на патот на државата кон влезот во Европска унија.

Северна Македонија исполни многу од поставените реформи: регионална соработка, добри меѓусоседски односи и го зголеми капацитетот во секторот за безбедност.

За најдобро да се обезбеди почетокот на преговорите за влез во ЕУ, процесот на реформи треба да продолжи. Верувам дека државата е на добар пат, но треба да се завршат уште многу работи.

Владеењето на правото треба да остане еден од најголемите приоритети на државата.

Вербата на жителите во нивниот правен систем е неверојатно ниска и тоа е така веќе некое време. Ова е клучниот проблем на владата и мора да остане еден од нејзините најголеми приоритети.

Дали Обединетото Кралство ќе остане еден од најголемите поддржувачи на државата и по брегзит?

Обединетото Кралство и понатаму ќе ѝ биде силен партнер на Северна Македонија и ќе ја поддржи евро-атлантската интеграција на државата. Ќе продолжиме да ја поддржуваме државата во нејзините обиди да изгради просперитетно и инклузивно општество.

Јасно е дека западните балкански земји се важни за Обединетото Кралство. Владата на Обединетото Кралство ја квадрираше нејзината програма за поддршка на регионот – од 20 милиони фунти на 80 милиони фунти идната година. Тука, во Северна Македонија, Обединетото Кралство финансира повеќе од 30 проекти и нашите проекти ги опфаќаат економијата, младината, ефективното управување, безбедноста и НАТО.

Овие проекти забележаа голем број достигнувања. Лично, најгорда сум што Обединетото Кралство, УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија работеа заедно за да се осигурат дека ниту едно дете на рана возраст нема да живее во институции. Ова покажа дека со правилна посветеност, државата може да изгради попозитивно, поморално и поинклузивно општество, што ќе донесе придобивки не само денес туку и за идните генерации.

Обединетото Кралство ѝ е најголем партнер за Странски директни инвестиции на Северна Македонија и втор најголем трговски партнер. Во 2019, надворешно-трговската размена се зголеми за 40% и верувам дека во 2020 година уште повеќе ќе ги подобриме нашите економски односи.

Наскоро ќе го потпишеме новото билатерално партнерство меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија, Спогодбата за трговија и соработка, што ќе создаде нови можности за бизнис и ќе го поддржи континуираниот трговски развој меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија.

Сигурна сум дека нашата и онака цврста билатерална врска ќе продолжи да се развива и дека Обединетото Кралство секогаш ќе биде близок и значаен партнер на државата.

Кои ќе бидат најголемите предизвици за државата во 2020?

Најавени се избори во април и неизвесноста може да ги попречи реформите и економскиот развој. Справувањето со очекувањата на луѓето поврзани со можните достигнувања и понатаму ќе биде еден од најголемите предизвици со кои ќе се соочи Владата.

Ова ќе биде особено тешко ако почетокот на процесот за европска интеграција остане несигурен. Но мора да се продолжи со реформите, тие мора да бидат систематични и транспарентни за да се врати вербата на луѓето во институциите и да се променат нивните животи на подобро.

Текст и фото: „Економист: Светот во 2020-та“, ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.