Д-р Илбер Балажи, специјалист по ортодонција во „Би инвизибл“: Задоволство ми е кога создавам задоволни насмевки

Интервју за „Економист: Светот во 2020-та“

„Би инвизибл“ е дизајниран за лесна употреба од пациентите. Пациентите ја гледаат својата насмевка уште пред да почнат со третманот – и среќни се поради тоа.

Во рамките на годишното издание на престижниот „Економист: Светот во 2020-та“, кој во декември првпат излезе и на македонски јазик под ексклузивната лиценца на компанијата „Колор медиа плус“, разговаравме со д-р Илбер Балажи, специјалист по ортодонција во „Би инвизибл“, кој откри кои се предизвиците на неговата професија во новата година.

 

Огромно е задоволството кога гледаш задоволни насмевки, а уште повеќе кога сам ги создаваш. Во последнава година со „Би инвизибл“ (BeInvisible) успешно трансформиравме илјадници насмевки на нашите пациенти од Македонија, од Косово и од Албанија, а во последно време и од Србија, Бугарија, па и од подалеку, вели д-р Илбер Балажи, кој стои зад „Би инвизибл“, брендот на невидливи алајнери за корекција на забите и на загризот, кој веќе е популарен во целиот регион.

– Сè повеќе пациенти се интересираат за невидливите алајнери. Јасно е и зошто. Пред сè, луѓето се среќни кога ќе дознаат дека не им е доцна и како возрасни да ги подредат забите и да го коригираат загризот.

Многумина од нив во својата потсвест се имаат помирено со ортодонтскиот проблем што го имаат, мислејќи дека класичните протези со жици се единственото решение.

Воодушевувањето е уште поголемо кога ќе ги разберат сите предности на „Би инвизибл“, благодарение на кои секојдневниот живот на пациентите не се нарушува – објаснува д-р Балажи.

Предностите се навистина многубројни и неоспорни. Пред сè, алајнерите се невидливи – и ова не е само празна фраза. Може да го поминете целиот процес, а никој воопшто да не забележи дека сте се подложиле на некаков третман.

Втората клучна предност е што не се фиксни. Тоа значи дека можете да ги извадите додека јадете или во некоја специјална пригода.

Нема жици, а материјалот е пријатен, па тој што ги носи се чувствува удобно.

Уште еден адут на невидливите алајнери е што со специјален 3Д-софтвер им се овозможува на пациентите да го видат финалниот резултат уште пред да почнат со третманот и среќни се поради тоа.

– Ваквата проекција е голем исчекор во практиката и е исклучително искуство за пациентите. Обично, за да добиете некаква врвна трансформација, треба да се подложите на некаков непријатен процес. Овде не е така. Целиот третман од почетокот до самиот крај е едноставен, пријатен и пријателски, а резултатот, идеалната насмевка, е само јаготката над целото тоа задоволство – вели д-р Балажи.

Што всушност претставува „Би инвизибл“?

Третманот се состои од сет алајнери, кои се изработуваат посебно за секој пациент. Најпрво се прави дигитален орален скен на забите, а потоа со помош на специјален софтвер се прави анализа со која се проектира движењето на забите.

Како резултат се добива симулација на движењето на забите и пациентот може однапред да го види крајниот резултат.

Можност за грешка не постои, па доколку пациентот се придржува до упатството – го следи својот личен план на третманот, прописно ги менува алајнерите и ги носи редовно 20-22 часа дневно, резултатот ќе стигне онаков каков што се гледа на симулацијата. И ќе стигне за проектираното време, а тоа е 6-9 месеци, во зависност од степенот на корекција што е потребен, што е многу пократко во споредба со третманот со класични жичени протези.

– Пациентите, во принцип, не ги сакаат жиците. Жиците за нив најчесто значат болка, заглавена храна, отежната орална хигиена и слика за себе што баш и не им се допаѓа. „Би инвизибл“ е целосна спротивност – вели докторот.

Д-р Балажи е член на елитното здружение на стоматолози „Style italiano“, како и на European Aligner Society, American Academy Clear Aligners и Japan Academy of Aligner. Тој е лиценциран за овој иновативен метод за целиот регион и најавува експанзија на „Би инвизибл“ на поширока територија.

– Добриот глас надалеку се слуша. Ова ни се потврди уште во првата година од работењето. Имаме многу добра соработка со ординации и пациенти од повеќе земји од регионот, од Европа и подалеку. Тоа нè радува како компанија, но свесни сме за одговорноста и предизвиците за следните години. Во тимот имаме врвни експерти од Америка и од арапските земји, кои одлучиле да инвестираат заедно со нас за доброто на пациентите. Задоволството е навистина огромно кога создавате среќни и задоволни насмевки – вели докторот.

Текст и фото: ПР, Економист: Светот во 2020-та

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.