Зошто првото јајце мора да биде црвено? Еве каде треба да се чува и кои верувања се врзуваат со чуваркуќата!

Обичаи

Обичаите налагаат првото јајца да се бојоса со црвена боја, а тоа се нарекува чуваркуќа

Бојосувањето јајца на Велигден е еден од најстарите христијански обичаи. За тоа ни сведочи приказната на Марија Магдалена, следбеничка на Исус Христос, која дошла во Рим за да го проповеда христијанството.

Во таа пригода го посетила царот Тибериј и како подарок му дала корпа јајца. Царот не верувал во воскреснувањето на Христос и рекло дека ако тоа било вистина, тогаш белите јајца во корпата ќе ја променат бојата. Во тој момент Марија рекла „Христос воскресна“ и сите јајца во корпата станале црвени.

Во Македонија јајца за Велигден се бојосуваат уште од 16. век и без овој посебен обичај не можеме ни да си го замислиме овој велес христијански празник.

Според обичајот, првото јајце се бојосува со црвена боја, која ја симболизира невино пролиената крв на Исус. Ова јајце се нарекува чуваркуќа, се чува цела година и како што кажува и самото име, ги чува куќата и домашните. На чуваркуќата му се припишува магиска моќ, која наводно ги истерува злите сили од домот и домашните.

Чуваркуќата се чува сѐ додека не се бојоса новото јајце следната година, бидејќи за него се верува дека го чува домот од несреќи. Се верува дека чуваркуќата носи благосостојба и среќа во домот, па многумина го чуваат во посебни украсни садови.

Јајце чуваркуќа: Еве зошто го чуваме цела година и што треба да направите со минатогодишното!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.