Зошто да пиете кафе со кардамом

Овој едноставен рецепт ќе ви помогне да избегнете многу проблеми со здравјето

Интересно е дека во светот постојат народи што од памтивек пијат кафе со кардамом. Тоа се жителите на арапските земји и на некои региони во Грција

Го откриваме главниот трик на источната медицина за оние што сакаат кафе но се принудени да го ограничат неговото количество или сосема да се откажат од оваа напивка.

Од гледна точка на источната медицина, кафето ја исцрпува енергијата на бубрезите (надбубрежните жлезди). Се смета дека во нив се наоѓа исконска енергија. Намалувањето на оваа енергија, за што придонесува и пиењето кафе, може да доведе до рано стареење, скратување на животниот век, развој на тешки заболувања, слабеење на имунитетот…

Во тибетската медицина постои поимот главни протектори (заштитници) на разни органи. Таков протектор за бубрезите е зелениот кардамом. Негово својство е топлината – способен е да ја обновува енергијата при долготрајна примена или да не ѝ дозволи да се намали доколку зачинот се комбинира со кафе. Овој едноставен рецепт ќе ви помогне да избегнете многу проблеми со здравјето.

На една шолја од омиленото кафе ставете две мешунки кардамом, претходно благо изгмечен во аван, или половина лажиче мелен кардамом.

Текст: Јулија Јусипова, специјалистка по превентивна и антиејџинг-медицина, лекарка по тибетска медицина, фитотерапевтка

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.