Жената што се сака себеси ги има овие навики: Затоа секогаш е здрава како дрен!

Верувајте!

Сакајте го вашето тело такво какво што е и тоа ќе ви возврати со добро здравје

Нашето тело е наш темел. Жената што постојано го оценува своето тело, не се цени себеси. Ако телото не е во ред, ниту душата не е во ред.

Женски навики

Навиката да се спие доволно е неопходна за убавина и хармонија на умот и душата.  Недостигот на сон доведува до уништување на физичката убавина, ја нарушува хормонската рамнотежа, доведува до анксиозност, раздразливост и депресија. Да не ги споменуваме подочниците и брчките. Ценете се себеси и легнувајте си навреме!

Одморајте се кога ќе почувствувате замор. Не глумете херој. Несоодветниот одмор доведува до неспособност да се направи нешто важно, до раздразливост и депресија, како и до прекумерна тежина! Ценете се себеси и одморајте се редовно!

Вкусните и здрави јадења се многу важни. Не е залудна изреката „Ти си тоа што го јадеш“. Жената што се сака себеси, никогаш нема да изеде нешто лошо, туку кон своето тело ќе се однесува како грижлив родител кон детето. Ценете се себеси – хранете се здраво и вкусно!

Ако сакате да вежбате – вежбајте! Одете во вежбалница. Но пред тоа, секој ден одвојте 20 минути за добро да се одморите и 20 минути за да прошетате. На телото му треба движење. Се’ што не се движи, се уништува. Но вишокот движење исто така го уништува телото. Најважно е да ја најдете вистинската мерка.

Движењето ќе го согори она што сте го јаделе, ќе им донесе радост на телото и душата, бидејќи движењето значи живот. Дури и кога сте тажни, депресивни, исцрпени – ценете се себеси и редовно движете се!

Грижата кон телото не подразбира маникир еднаш годишно, туку непрекината нега кон себе. Не поради сопругот или општеството, туку поради себе! Ценете се себеси и секогаш внимавајте на себе!

Сексот по желба е многу важен. Да, по желба! Не затоа што сексот вечерта е по распоред или затоа што вашиот сопруг би го сакал тоа, туку затоа што вие сакате! Само така ќе се задоволите и себеси и партнерот. Ценете се себеси – сакајте го вашето тело и не го форсирајте!

Засакајте го вашето тело такво какво што е тоа ќе ви ја возврати љубовта со добро здравје!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.