Збогувајте се со непријатниот мирис на чевлите

Корисни совети

Без оглед колку се грижите за хигиената на стапалата и чевлите, понекогаш бактериите едноставно се развиваат, а со тоа се појавува непријатен мирис. Непријатниот мирис на чевли може да доведе до чувство на срам и непријатност, особено кога сте во друштво на други луѓе и треба да се соблечете.

Зошто чевлите имаат непријатен мирис?

Како и остатокот од телото, стапалата се потат. Самото потење нема мирис, но кога се појавуваат бактерии кои се хранат со него, се создава киселина која се карактеризира со исклучително непријатен мирис. Постојат неколку работи што можете да ги направите за да го избегнете овој проблем:

– Изберете кожни чевли во кои нозете помалку се пот и во кои кожата може да дише. Соодветната циркулација на воздухот ќе спречи формирање на микроорганизми кои водат до непријатни миризби. Веројатно веќе забележавте дека во чевлите направени од вештачки материјали почнувате да се потите многу побрзо отколку во оние изработени од кожа или платно, па следниот пат кога ќе одите на шопинг, имајте го тоа предвид.

– Кога и да можете, изберете да носите отворени чевли. Во лето, носете сандали што е можно почесто, бидејќи нозете изложени на воздухот ќе потат помалку и ќе се исушат побрзо. Влажна околина е идеална за бактерии да се размножуваат, а тоа е токму она што се обидувате да го избегнете.

ФОТО: Unsplash

Спречете непријатен мирис на чевли

– Пред да ги ставите чевлите во чевларникот, проверете дали се суви. Патики во кои нозете се потеле за време на тренингот никогаш не треба да се чуваат во чевларник додека се влажни.

– Без оглед на тоа што брзате и сакате што побрзо да излезете од домот, никогаш не облекувајте чевли ако стапалата ви се испотени. Моментална заштеда на време подоцна ќе ве чини многу повеќе. Пред да ги облечете чевлите, измијте ги нозете со антибактериски сапун и исушете ги добро со пешкир. Знаете дека е далеку полесно да се ослободите од непријатниот мирис на нозете отколку чевлите.

– Правете пилинг на нозете редовно, отстранувајќи ги мртвите клетки и по секој туш носете чисти, памучни чорапи.

– Пред да облечете чевли, истурете малку бебешка пудра или сода бикарбона во нив. Ова ќе ја подобри апсорпцијата на влагата и ќе го спречи развојот на габите, а во исто време ќе ги отстрани несаканите мириси.

Прочитајте и: Одење бос: За и против

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.