Заблуда: Свежо овошје и зеленчук се поздрави од замрзнати

Еве што велат истражувањата

Фото: Getty Images

Многу од нас веруваат дека замрзната храна содржи помалку хранливи материи од свежа. Но всушност тие се еднакво хранливи, а замрзнатите се и похранливи.

Големи количества „свежи” намирници долго време стојат во магацините пред да стасаат во нашата кујна, кога веќе загубиле доста хранливи состојки. Освен тоа, додека се приготвуваат (сечкаат, лупат, пасираат) се забрзува процесот на губење на хранливите материи.

За разлика од нив, замрзнатото овошје и зеленчук се преработуваат истиот ден кога се берат, што значи дека големо количество минерали и витамини остануваат зачувани. Замрзнатите намирници не содржат адитиви – со процесот на замрзнување нивната свежина и хранливост остануваат конзервирани. Замрзнат грашок содржи трипати повеќе витамин Ц од свеж.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.