За убава насмевка: Природни избелувачи што се докажано делотворни

Понекогаш е потребно многу малку за да имате убава насмевка и бели заби, а тоа малку можете да го најдете во вашиот дом. Вашите кујнски ормани „кријат“ некои природни избелувачи кои ќе ви помогнат во таа мисија.

Кокосово масло

Покрај тоа што ќе ги направите вашите заби побели за неколку нијанси, редовната употреба на кокосово масло исто така ќе ја зајакне глеѓта, што ретко може да го постигнете секој избелувач на забите. Измешајте 2 лажички кокосово масло со 2 лажички сода бикарбона и оставете ја смесата во тегла. За вкус на нане, додадете неколку капки есенцијално масло од мента. Користете редовно, наместо да купувате паста за заби.

Активен јаглен

Јагленот е популарен избор за природно белење на заби пред сѐ затоа што е погоден и за чувствителни заби и за непца. Тој е многу ефикасен во отстранување на дамките на забите на долгорочните пушачи. Поради благата абразивност, се препорачува да се мие што е можно понежно за случајно да не се оштети глеѓта на забот. Иако веројатно ќе ве згрози вашиот одраз во огледалото, верувајте ни, тоа функционира!

Куркума

Куркумата се смета за најефикасна во отстранувањето на жолтите и кафеавите наслаги. Измешајте 4 лажички куркума со 2 лажички сода бикарбона и 2 лажички кокосово масло додека смесата не стане униформа текстура и редовно користете ја наместо паста за заби.

Сода бикарбона и лимон

Држете мешавина од лажичка сода бикарбона и неколку капки лимон на забите 1 минута и потоа темелно исплакнете ја устата. Иако вкусот на сода бикарбона можеби не е најпријатен, нејзината ефикасност во белењето на забите е несомнена. Сепак, немојте да се занесете и не ја користете смесата повеќе од 3 пати месечно за да не ја оштетите глеѓта на забите.

Прочитајте и: Не можете да спиете? Ново истражување носи едноставна и брза вежба за полесен сон

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време