Виолетови велигденски јајца без мака и вештачки бои: Како да добиете светкава кралска боја со еден потег!

Потполно природно!

ФОТО: Profimedia

Не станува збор за бојосување со цвекло или црвена зелка!

За феноменални велигденски јајца во виолетова боја не ви требаат бои, туку само најобично црвено вино!

Ќе ви бидат доволни 2 литри за 20 јајца, а постапката се изведува на следниов начин…

Постапка:

Измијте ги јајцата и наредете ги во тенџере со ладно вино. Виното треба да ги покрива јајцата, бидејќи не смеете да ги вртите и мешате за време на варењето, за да не се излупи бојата.

Оставете ги да се варат најдолго 30 минути, па тргнете ги од шпорет и оставете ги да се изладат. Ако сакате што повеќе кристали да се фатат за лушпата на јајцето, оставете ги 24 часа во виното.

Не ги премачкувајте со масло, бидејќи ќе исчезнат кристалите. Ако тоа не ви е важно, премачкајте ја со салвета потопена во масло. И така ќе бидат убави, со многу поинтензивни бои!

Навистина едноставна постапка, без валкање и без вештачки бои!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.