Ви се крева косата од загорени садови? Нема веќе мака со овие 3 чекори!

Ќе блескаат!

Прочитајте како најлесно да ги измиете сите загорени тенџериња, тавчиња и лонци

Колку пати ви се случило по приготвувањето ручек да здогледате загорено тавче или лонец? Многу домаќинки се соочуваат со овој проблем, а чистењето загорени површини не е воопшто лесно.

Меѓутоа, еден трик може да го реши вашиот проблем. Ви требаат само вода и сјај за садови.

Прв чекор
  • Загорените садови наполнете ги со врела вода и додајте детергент за миење садови.
  • Оставете го тавчето или лонецот на рингла и оставете го да зоврие.
Втор чекор
  • Оставете ја водата со детергентот да врие барем 15 минути. Ако загорувањето е потешко, може да ја оставите и подолго.
  • За тоа време, со лопатка внимателно поминувајте преку дното на садовите за да се одвојат загорените делови.
Трет чекор
  • Тргнете ги садовите од рингла и добро исчистете ги со сунѓер.
  • На овој начин  ќе ги отстраните сите насобрани остатоци од храна. Сепак, ако загорувањето на храната дошло до највисок степен, може да се случи садовите малку да ја изгубат својата боја.
Совети за што подолго зачувување на садовите

Најдобро е да готвите на средна и пониска температура. Ако за вашиот кулинарски специјалитет потребна е висока температура, најдобро е да употребите садови со тефлонско дно.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.