Вака жената несвесно го уништува сопругот, децата и целото семејство!

Секоја жена треба да прочита!

Умерени сте, срамежливи, несигурни? Вие сте главната закана за вашето семејство!

Некогаш жените седеле дома и се грижеле  за домот и за децата. Денес, тоа не е повеќе така. Денес, жените имаат милион обврски, семејство и успешна кариера. Или немаат?

Што е подобро од двете? Која е суштината на едно среќно семејство? Тоа ни го открива популарниот руски мотивациски говорник Александар Палијенко:

„Кога имаш нешто да кажеш, кажи. Кога потиснуваш и молчиш, тогаш ги издаваш твоите сакани. Жената не мора да објаснува зошто, но важно е да каже како се чувствува.

Кога жената се грижи за децата, таа не се исполнува себеси и својата енергија на неисполнетост ја пренесува и на децата. На децата тоа се одразува преку нарушено здравје, проблеми и запаѓање во неволји.

Семејството може да се распадне ако жената:

Има потенцијал, но не го користи до максимум.

Го уништува своето семејство, занемарувајќи се себеси, сметајќи дека не вреди ништо и дека нејзиното име и постоење не значат ништо. Умерени сте, срамежливи, несигурни, тогаш станувате главна закана.

Од друга страна, кога сте среќни, исполнети, комуницирате на еднакво ниво со членовите од семејството, се чувствувате како жена и не им угодувате на сите занемарувајќи се себеси, тогаш својата енергија ја претворате во енергија на среќа и задоволство. Таа среќа и задоволство тогаш им ги пренесувате на децата и сопругот.

Кога жената ќе каже: „Не го сакам тој колега или проект“, мажот не треба да праша „зошто“. Жената мора да ги искаже своите чувства, а мажот мора да ја разбере. Мора да разбере дека ако нема позитивна и креативна енергија во жената, нешто сериозно не е во ред. И не е ни важно зошто, важно е тоа да се промени.

Ако жената сака да постигне повеќе, мажот треба да и’ биде поддршка. Подоцна заедно ќе уживате во задоволството што ќе ви го дадат плодовите од нејзината креативност, труд, работа и позитивност.

Развојот на мажот исто така влијае врз женската енергија

Ако мажот се развива, а жената не, жената нема ги сака неговите работа и успех, без разлика колку пари носи, бидејќи парите не можат да го надоместат чувството на исполнетост.

Затоа идејата мажот да заработува, а жената да седи дома, да се грижи за домот и децата (секако, доколку тоа не и’ е доволно), не е добра.“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.