Вака правилно се одржува кожениот мебел: Следете ги овие совети и вашата гарнитура со децении ќе биде како нова!

Како нов!

Како и остатокот од станот, на вашиот кожен мебел му треба чистење и нега за да трае подолго и да изгледа убаво

Иако повеќето луѓе се одлучуваат за кожен мебел поради неговата поголема отпорност и полесно чистење, заблуда е дека овој мебел не бара нега и одржување. Во спротивно може да се случи брзо да испука, да се истроши и да изгледа неугледно и уништено.

На пазарот достапни се многу средства за одржување кожен мебел, кои би требало да ви помогнат да го спречите оштетувањето, да го одржите сјајот на кожата или скајот и темелно да ја исчистите гарнитурата. Многу е важно при изборот на средство за чистење, да одберете такво што е наменето исклучиво за кожа, а не за тапациран мебел.

Хемиските средства за чистење нечистотии од кожен мебел нанесувајте ги според приложените упатства, бидејќи ако нанесете поголема концентрација на мебелот, може да предизвикате оштетување, дамки или напукната кожа.

Кожениот мебел е многу чувствителен на директна сончева светлина, па се советува да го позиционирате така што нема да биде директно изложен на сонце или доколку тоа е невозможно, поради капацитетот на просторот, постојат соодветни завеси што ќе го спречат продорот на сончева светлина, која може да го избледи кожениот мебел или неговите најизложени делови многу лесно и брзо. Една од опциите е да го покриете мебелот со наменски покривачи во периодот кога влегува силно сонце во станот.

Сонцето и светлината исто така можат да ги извлечат природните масла од кожата, со што таа ќе стане посува и покрута и лесно може да се создадат бразди и пукнатини, кои еднаш кога ќе настанат, само ќе се шират по должина на мебелот.

Произведувачите препорачуваат дека мебелот треба да се чисти длабински, со хемиски средства три до четири пати годишно, бидејќи тие се многу агресивни и не треба да се претерува, а помеѓу тоа, доволно ќе биде да ги исчистите кожениот мебел од нечистотиите и дамките со благ раствор на бебешки шампон (неколку капки) и топла вода, со кој внимателно, со натопена крпа, ќе поминете врз мебелот.

Доколку се придржувате до овие совети, вашиот кожен мебел ќе биде чист и како нов со децении!

Експертите за фенг шуи откриваат: Ова никако не смее да стои во спалната соба – привлекува негативна енергија

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.