Уф, како ме иритирааа… Како да се изборите со ситуациите што ве „вадат од такт“!

Стоење во ред зад лице што гласно разговара на мобилен, слушање како некој гласно џвака мастика или застој во сообраќајот се ситуации што ве доведуваат до лудило. Е, па време е да научите да се изборите со нив!

Размислете само колку пати ви се случило поради непристојно однесување на луѓето од блиското опкружување да го загубите трпението. Веројатно – безброј! Но тоа не треба да чуди, бидејќи постои добра причина зошто нас таквите појави нè тераат да ги загубиме живците, тврдат експертите.

На пример: кога нè нервира гласен разговор преку мобилен телефон на соседната маса во кафулето. Научниците објаснуваат: кога не можеме да ги слушнеме двете страни што учествуваат во разговорот, нашиот мозок почнува забрзано да работи, бидејќи се обидува да ја одгатне темата на разговорот. А што е со гласните џвакачи во јавниот превоз?

Овие ситуации нè излудуваат, бидејќи не знаеме колку ќе траат и не постои начин да ги контролираме. За жал, не можеме да ги избегнеме ваквите околности, бидејќи не живееме во дивина, туку во цивилизирани средини во кои појавите од овој тип се секојдневје. Кога ќе го прифатиме тоа, проблемот е делумно намален.

Слушање пријатна музика што ќе ве опушти или јога-техника на дишење исто така може да ви помогнат.

Совет-плус: сакате да ја зајакнете самодовербата, а воедно и расположението? Изберете тренинг по своја мера во кој ќе чувствувате највисок степен сигурност во себе и заземете место во првите редови во салата пред огледалото. Набљудувањето на сопствениот одраз додека вежбате предизвикува чувство на гордост и реализација, велат психолозите. Овие позитивни чувства продолжуваат да растат дваесет минути по тренингот.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.