Ублажете го СИНДРОМОТ ПОНЕДЕЛНИК

Понеделник е напорен затоа што...

Ви претставуваме четири ефикасни совети кои ќе ви помогнат полесно да го „преживеете“ првиот ден на новата работна недела…

1 СПИЈТЕ

ПОНЕДЕЛНИК Е НАПОРЕН ЗАТОА ШТО: вашиот циркадијален ритам е исфрлен од рамнотежа. Легнување доцна во ноќта и станување доцна наутро за време на викендот создаваат ефект сличен на синдромот на брза промена на временската зона (џетлег).

УБЛАЖЕТЕ ГО СИНДРОМОТ НА ПОНЕДЕЛНИК: настојувате за време на викендите да станувате и да си легнувате најмногу со еден час отстапување во однос на работните денови. Сепак, ако излезете од оваа шема, дигнете ги ролетните штом ќе се разбудите, затоа што дневната светлина го инхибира дејството на мелатонинот (хормон на сон) и му испраќа сигнал на мозокот за попријатно будење.

2 СМЕНЕТЕ ГО ПОГЛЕДОТ НА СВЕТОТ

ПОНЕДЕЛНИК Е НАПОРЕН ЗАТОА ШТО:

Перцепцијата е моќна работа. Ако ја почнувате неделата во манирот на хитот „I’dont Like Mondays“ на Боб Гелдоф, промената на таквиот став ќе биде голем но не и несовладлив предизвик.

УБЛАЖЕТЕ ГО СИНДРОМОТ ПОНЕДЕЛНИК: осмислете забавен и релаксирачки ритуал, како што е прво утринско кафе и опуштен разговор со омилената колешка штом ќе пристигнете на работа.

3 НАМАЛЕТЕ ГО ПРИТИСОКОТ

ПОНЕДЕЛНИК Е НАПОРЕН ЗАТОА ШТО: транзицијата од релаксирачки викенд во забрзана работна недела докажано е стресна состојба за умот и за телото, па може да предизвика покачување на крвниот притисок.

УБЛАЖЕТЕ ГО СИНДРОМОТ ПОНЕДЕЛНИК: штом ќе се разбудите во понеделник наутро, почнете да дишете длабоко во траење од 30 секунди, што ќе го стабилизира притисокот. Изедете малку спанаќ за време на ручекот, затоа што е богат со состојки што ја помагаат работата на срцето.

4 ЗАБАВЕТЕ

ПОНЕДЕЛНИК Е НАПОРЕН ЗАТОА ШТО: не претерувајте со тренинзи за време на викендот, за кои немавте време во текот на работната недела, затоа што во понеделник ќе се разбудите со болки во мускулите.

УБЛАЖЕТЕ ГО СИНДРОМОТ ПОНЕДЕЛНИК: вежбајте јога или одете со брз чекор за да го насочите текот на крвта во мускулите и на тој начин ги да намалите болките.

Текст: У&З

Фото: pixabay.com

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.