Туширањето навечер ја намалува телесната температура и обезбедува подобар сон

Туширањето е секогаш добра опција, без разлика дали сакате да го правите тоа наутро или навечер пред спиење. Но, кога всушност таа рутина е поздрава и подобра за вашето тело, откриваме подолу.

Секој има своја рутина за туширање, некои не можат да замислат да ја напуштат куќата наутро без да „се фрлат“ под туш, додека за другите е незамисливо да легнуваат во кревет ако не се опуштиле под топол туш навечер. Исто така, некои сакаат долг туш и многу внимание посветуваат на квалитетот на гелови и сапуни, додека на други им требаат само неколку минути и тие се готови.

Експертите откриваат кои од овие навики се подобри и поздрави за организмот. Утринскиот туш е добра опција и за оние со мрсна и сува кожа – од каков вид и да сте, освежувањето ќе ви одговара кога ќе се разбудите испотени.

Многумина тогаш често ја прескокнуваат рутината за вечерниот туш, но тоа не е баш паметно – кожата собира нечистотија и маснотии во текот на денот, а да не ја споменуваме потта, како и остатоците од козметиката за нега на кожата што сте ја применувале до вечерта. Ако се истуширате само наутро, може да одите во кревет со бактерии на кожата.

Дерматологот Лорета Циралдо вели дека утринскиот туш ве освежува и буди, особено ако водата е студена, бидејќи многу студии покажаа дека студениот утрински туш ја зголемува дневната продуктивност. Од друга страна, вечерниот туш ќе ве смири по напорниот ден. Бања или туш еден час пред спиење ја намалува телесната температура и ви помага полесно да заспиете.

Што можеме да заклучиме од овие неколку тврдења?

Всушност, одлуката зависи од вас – сето тоа е прашање на вкус и навика, но и прашање колку се движите и се занимавате со активности во текот на денот. „Тоа е лична работа и може да се менува од ден на ден, во зависност од активноста“, истакнува Циралдо.

Може да се истуширате и по будењето и пред спиење, во зависност од средината во која живеете, типот на кожата и активностите што ги правите. Но, ако навистина треба да изберете страна, вечерниот туш се чини дека има повеќе предности.

Прочитајте и: Доктор открива како правилно се чуваат дома платнените заштитни маски!

 

ФОТО: Getty Images

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време