Трик по кој полуди Интернетот: Креативен и лесен начин на пакување новогодишни подароци

Оваа година вложете малку повеќе труд

Овој трик ќе ви го олесни празничниот период, а воедно ќе ви заштеди и пари

Одличен совет за оние ситуации кога ќе сфатите дека немате доволно украсна хартија, а немате време да одите до продавница, но и кога ќе посакате да вложите малку повеќе креативност.

Ако некогаш сте се обиделе да завиткате подарок со украсна хартија на начинот на којшто обично го правите тоа, но сте сфатиле дека немате доволно хартија, овој трик е како создаден за вас. Во видеото, кое брзо стана едно од најгледаните, детално е објаснето како со исто парче хартија да го завиткате целиот подарок, па така ќе потрошите многу помалку пари.

Кутијата што сте ја ставиле на украсна хартија, само завртете ја дијагонално и спојте ги спротивните врвови на хартијата, а потоа и преостанатите два врва, исто како што е прикажано во видеото.

Освен тоа, објаснето е и како да направите украсна кеса од хартија, а ќе научите да направите и интересна панделка од остатокот од хартијата која сигурно дополнително ќе ви го разубави спакуваниот подарок.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.