Третиот ден од Велигден се смета за најсреќниот ден во годината: Еве што треба да правите денес

Обичаи

Православната црква и нејзините верници денес го обележуваат третиот ден од Велигден, а според народното верување, тоа е најсреќниот ден во годината

Третиот ден од Велигден се нарекува и Светол Вторник и за него се врзуваат голем број обичаи и верувања.

За време на Водената седмица, како што уште се нарекува првата недела по Велигден, особено се издвојуваат Воден вторник и Водена сабота.

Според старото народно верување, вторниците важат за баксузни денови, но не и овој! Во народот, Светлиот вторник се смета за најдобриот вторник во целата календарска година. Старите велат дека овој ден, исто како и Велигден, на сите им носи радост и среќа. Исто така, се верува дека ако се роди дете на овој ден, ќе биде среќно и долговечно.

Поради тоа, во некои села токму на овој ден се одржуваат свадби, бидејќи празнувањето на овој ден се смета за посебен благодет, па тој благодет ќе им се пренесе и на новите сопружници и на нивното новоосновано семејство.

Според верувањата, на Светол вторник не е добро да се работи (да се пере, да се шие…) со машка облека, особено со онаа на идните војници.

Во некои краишта се празнуваат три Водени вторници. Покрај денешниот, тоа е вторникот по Ѓурѓовден и оној по Троица. Како што и самото име кажува, посветени се на водата и се празнуваат за да падне дожд, неопходен за раст и род на посевите.

Поради тоа, единственото нешто што православните верници треба да го испочитуваат овие три дена е да се веселат и да се радуваат и да ја споделуваат таа радост со своите најдраги и најблиски.

Ви останаа многу јајца од Велигден? Еве 4 одлични начини на кои можете да ги искористите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.