Машината за алишта треба детално да се исчисти, а тоа најдобро се постигнува на ОВОЈ начин
Чистењето на машината за перење алишта е многу важно, бидејќи само така облеката ќе ви биде свежа и миризлива.
Една од причините зошто машината за алишта има застоен мирис се крие во наслагите детергент и омекнувач кои се задржуваат во внатрешноста на машината. Тоа, пред сè, се случува бидејќи облеката се пере на пониски температури, па детергентот не се разложува како што треба.
Па затоа, неопходно е да ги чистите гумите на вратите, фиоките со детергент и омекнувач, како и одводот за вода. Многу е важно вратата од машината да ја оставите отворена некое време откако ќе ја исперете облеката и ќе ја извадите надвор.
Една таблета може да помогне во чистењето
Машината за алишта најдобро се чисти со таблета за машинско миење садови. Тие таблети се наменети за да ги отстранат маснотиите и храната, но можат да ги исчистат и наслагите што се формирале во машината за алишта.
Прво, исчистете ја гумата на вратата, преградите за детергент, како и одводот на машината.
Ставете ја таблетата директно во барабанот, покренете процес на перење на повисока температура и оставете ја машината да го заврши целиот процес.
Кога програмата ќе заврши, избришете ја внатрешноста на барабанот со сува крпа.
Оставете ја вратата отворена за да се исуши добро внатрешноста.
Немојте да користите поголема количина на средства мислејќи дека така чистењето ќе биде поефикасно. Кај ваквите трикови важно е да се придржувате до препорачаните количини и упатствата на произведувачот.