Ставете стаклена тегла со ориз во секој плакар: Трик поради кој ќе ви завидуваат сите што ќе ви влезат во домот!

Ќе бидете мирни до 6 месеци

Од ова, целиот дом ќе ви мириса прекрасно

За да го направите овој освежувач на простории и плакари, ќе ви требаат стаклена тегла, ориз и неколку капки етерично масло.

Оризот ќе ги апсорбира сите мириси на етеричното масло, па просторијата веднаш ќе ви замириса убаво.

Овој трик е потполно природен, а мирисот ќе трае и до неколку месеци. Освен тоа, многу подобар избор е од купечките освежувачи за воздух, бидејќи тие се преполни со хемикалии.

Можете да одберете масло со кој било мирис, а најделотворна во отстранувањето на лошите миризби е лимоновата трева.

Еве како се приготвува:
  • Наполнете тегла со ориз.
  • Додајте 10 до 20 капки од омиленото етерично масло.
  • Затворете ја, а потоа добро протресете ја за маслото рамномерно да се распредели низ зрната ориз.
  • Тргнете го капакот, а теглата покријте ја со газа и зацврстете ја со ластиче.

Кога ќе се намали интензитетот на мирисот, само протресете ја теглата или додајте уште некоја капка масло.

Вака приготвениот освежувач можете да го чувате во простории или да го ставите во плакар, за и облеката да го прими тој мирис.

ФОТО: Pixabay

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време