Ви откриваме стар трик на калуѓерка од манастир за совршено миризлива облека без омекнувач
Калуѓерките користат едноставен, природен рецепт за перење облека, кој ја штити ткаенината, мирисот, но и нашето здравје. Еве што ставаат тие наместо омекнувач.
Во многу манастири ширум Балканот, облеката сѐ уште се пере онака како што го правеле тоа нашите баби, без омекнувачи, без парфимирани детергенти и без пластика. И покрај тоа, кога ќе се исуши така испраната облека, мириса како од бајка.
Тајната е во едноставниот состав и верноста кон природата.
Што користат чесните сестри наместо омекнувач?
Калуѓерките во манастирите, при последното плакнење користат мешавина од алкохолен оцет и етерични масла, најчесто лаванда, чемпрес или лимон.
Во преградата за омекнувач сипуваат:
- 1 чаша (околу 100 мл) алкохолен оцет
- 10 капки етерично масло по избор
Оцетот ја омекнува ткаенината, го неутрализира мирисот на детергентот и бигорот од водата, додека етеричното масло остава благ, природен мирис. Често се користи лаванда поради смирувачкиот ефект, додека лимонот дава освежителна нота.
Штедите пари, но и го зачувувате здравјето
Овој метод не е само благотворен за чувствителната кожа, туку и за животната средина. Нема микропластика, нема тешки хемикалии, нема штетни испарувања. Ткаенините подолго траат, машината помалку се оштетува, а мирисот е природен, домашен.
Сушење на облеката
Сушењето на воздух е задолжително, најчесто на сонце и ветер. Сончевата светлина природно дезинфикува, а свежиот воздух придонесува за тој единствен манастирски мирис.
Често се користат домашни сапуни или природни прашоци за перење наместо класични детергенти, но и со обичен детергент, овој трик со оцет функционира совршено.