Спреј што ја уништува прашината: Испрскајте, пребришете и мирни сте наредните 2 недели!

Како да направите домашен спреј за прашина?

Мора да го испробате овој спреј за уништување прашина кој стана вирален на Инстаграм

Поради големата загаденост на воздухот, стариот мебел, килимите и лошата вентилација, честопати имаме чувство дека домот самиот создава и таложи прашина. Токму затоа, ни се чини дека речиси секој викенд го поминуваме во чистење и бришење прашина, која до крајот на денот повторно ја покрива речиси секоја површина во нашиот дом.

Неодамна се појави овој уништувач на прашина, кој можете да го направите сами дома. Резултатот ќе ве воодушеви – 2 недели нема да видите ни трага од прашината!

Состојки:
  • 2 шолји вода
  • 1/2 шолја бел оцет
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку течност за миење садови
  • неколку капки миризливо масло од лаванда
Начин на подготовка:

1. Сипете вода во чаша, па додајте масло и оцет.

2. Префрлете сè во распрскувач.

3. Додајте течен детергент за миење садови и неколку капки есенцијално масло од лаванда.

4. Напрскајте од спрејот на крпа со микровлакна, па пребришете ја прашината. Наредните 2 недели ќе бидете мирни, односно нема да видите прашина во вашиот дом.

ФОТО: Vitaly Gariev / Unsplash

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе