Оваа едноставна постапка гарантира дека вашиот домашен домат ќе ги задржи сочноста и свежината, кои ќе му дадат природен и интензивен вкус на секое јадење
Кога е правилно конзервиран, домашниот домат ги зачувува свежината, бојата и сочноста, а со овие неколку трикови, вашата зимница ќе биде еднакво вкусна како и свежиот домат од пазар.
Ништо не може да го замени мирисот на домашна храна и задоволството кога знаете дека сѐ сте приготвиле сами. Со една едноставна постапка, можете да направите резерви на свеж домат, што ќе ви го олесни готвењето и ќе ви ги збогати јадењето во текот на ладните месеци.
Како да приготвите домат за зима
Измијте го доматот, пресечете го на пола и исчистете го од средишниот дел. Подгответе тегли кои ќе ги наполните со домати, но немојте да ги полните до врвот.
Исчистете и исечкајте една пиперка, ставете ја во сечко, па додајте исчистена главица лук и магдонос. Распоредете ја оваа мешавина преку доматот во теглите.
За преливот, во тенџере сипете 1,5 литри вода, додајте 2 лаврови листа, бибер во зрно, 1,5 супена лажица сол и 3 супени лажици шеќер. Во секоја тегла додајте по 1 супена лажица деветпроцентен оцет.
Ставете го тенџерето на шпорет и почекајте да проврие преливот, па со него прелејте ги доматите во теглите. Затворете ги теглите со чисти и нови капаци. Земете подлабоко тенџере, ставете крпа на дното и наредете ги теглите. Сипете топла вода до висина на капаците.
Кога водата ќе зоврие, пастеризирајте 20 минути на 80 степени Целзиусови. Оставете ги теглите постепено да се оладат во водата, а потоа преместете ги на ладно и темно место до употреба.